Објавено на:

Молдавија ќе купува природен гас од Романија

t

Претседателката на Молдавија, Маја Санду, која е во посета на Романија, рече дека нејзината земја има намера да купи гас од Романија што е можно поскоро за да ја обезбеди националната енергетска безбедност, пренесува Тренд, повикувајќи се на Ксинхуа.

„Ситуацијата бара од нас да дејствуваме максимално итно и да бараме алтернативни решенија за да ја задржиме стабилноста на земјата и непречено да ја поминеме зимата“, рече таа во заедничката изјава за печатот со нејзиниот романски колега Клаус Јоханис.

„На Молдавија и се потребни решенија за енергетска безбедност сега! Сакаме да купиме гас од Романија и важно е тоа да се случи што е можно поскоро“, нагласи Санду.

„Верувам дека молдавско-романското партнерство ќе ни помогне да ги надминеме тешкотиите“, рече таа.

Молдавскиот претседател исто така рече дека земјата се обидува да ја намали потрошувачката на енергија, вклучително и природен гас, и бара решенија за замена на гасот со црна нафта, дрво или јаглен во оваа зима.

Од своја страна, Јоханис рече дека Романија ќе направи се што е можно за да и помогне на Молдавија да обезбеди енергетска безбедност.

Тој рече дека двајцата шефови на држави се договориле да преземат решителни чекори во однос на меѓусебното поврзување на електроенергетските мрежи на двете земји.

Двајцата претседатели разговараа и за „многу важната улога и потенцијалот на гасоводот Јаши-Унгени-Кишињев како суштински елемент во архитектурата на енергетската безбедност на Република Молдавија“, додаде Јоханис.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Се отвора втор фронт“ против Русија: Молдавија…

Според нивните зборови, менторите му наложиле на…

Цареви! Руските пренкери ѝ се јавија на…

Претседателот на Молдавија до руските пренкери: Подготвени…

Расте цената на нафтата, се намалува цената…

Природниот гас во Европа утрово падна за…

(Видео) Жестоко на трибините: Романците им скандираа…

Немири во Романија: Навивачите скандираа „Србија, Србија“,…

(Видео) Жители на романско село го блокираат…

Жителите на село во Романија го блокираат…