Објавено на:

Молотов коктел фрлен врз црква во Бугарија

t

Груб напад врз црква во Варна. Маж фрли молотов коктел на фасадата на црквата Свети Прокопиј Варна. За среќа нема повредени, но вандализмот предизвика бран остри реакции во Бугарија.

Вандализмот бил извршен во 02 часот по полноќ, а камерата на продавница до храмот снимила што е направено. Соседите веднаш повикале полиција.

„Веднаш реагиравме, извршен е увид на местото на несреќата. Поведена е претистражна постапка под итни услови и во моментов се трага по можниот сторител“, објасни вишиот комесар Атанас Михов, директор на Управата за внатрешни работи на МВР-Варна.

Мотивите на делото се уште остануваат нејасни, но за влакно се избегнаа посериозни последици, бидејќи шишето со запалива течност не завршило во зградата на црквата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Петков се налути: Не може македонските служби…

Поранешниот бугарски премиер Кирил Петков се налути…

Најантимакедонската партија во Бугарија протестира против НАТО…

Бугарската полиција денеска се судри со приврзаниците…

Бугарија продолжува да се наоружува: Ќе купуваат…

Владата на соседна Бугарија ја одобри набавката…

По примерот на Македонија и Бугарија го…

По Македонија и Бугарија одлучи да го…

(Фото) Бугарскиот провокатор Виктор Стојанов им се…

Бугарскиот провокатор Виктор Стојанов им се заканува…