Момче загина, има повредени при гранатирањето на Одеса

Тинејџер е убиен во новиот руски напад врз украинското пристаниште Одеса на Црното Море, соопшти градскиот совет на социјалните мрежи.
„Како резултат на ракетен напад во Одеса, оштетена е станбена зграда во која имало пет лица во моментот на нападот. Едно 15-годишно момче загина“, соопшти градскиот совет на Одеса на Telegram.
Едно девојче е хоспитализирано, се вели, но не се дадени детали за другите три лица во зградата, објави АП.
Изјавата дојде откако Украина соопшти дека имало нов напад врз Одеса.
„Непријателот истрела проектил врз еден од инфраструктурните објекти во Одеса“, изјави претходно регионалниот гувернер Максим Марченко.
„За жал, има мртви и ранети“, објави тој.
Одеса забележа зголемени напади од Москва во последните недели.
Кон крајот на минатиот месец, пет лица загинаа, меѓу кои и тримесечно девојче, во рускиот напад врз градот.
Русија ги прегрупира своите сили за да ги нападне јужните и источните делови на Украина, каде се водат тешки борби.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пекол на фронтот: Хаотично гранатирање во Бахмут
Градот Бахмут во источна Украина се соочува…
Британското МО: Со повлекувањето од Херсон Русите…
Способноста на Русија да ги задржи силите…
Ова не беше ништо, почнува пеколот?! Стремусов…
По одбивањето на нападот, планираме да ослободиме…
“Армагедон” повторно “пржи”: Ечат сирени за воздушни…
Во регионите Одеса и Николаев и Киев…
Пак ечат сирени за воздушен напад: Експлозии…
Украинските медиуми јавуваат за експлозии во регионите…