МОН бара странски експерти да ги евалуираат македонските образовни институции и програми

t

Министерството за образование и наука соопшти дека е отворен повик за избор на странски експерти за спроведување на надворешна евалуација на високообразовните институции и студиски програми во земјава.

Експертите треба да се странски државјани, да се избрани за редовни или вонредни професори на акредитиран универзитет во земја-членка на Европската асоцијација за обезбедување квалитет во високото образование, да имаат претходно искуство во евалуација на високообразовни институции во најмалку две земјите членки на Европската Унија и да имаат познавање на англиски јазик.

Отворениот повик се објавува за следните научни области: природни науки, медицински и здравствени науки, oпштествени науки и хуманитарни науки и уметности.

Краен рок за аплицирање е 18 септември, посочуваат од МОН и додаваат дека за правата и обврските, како и начинот на аплицирање, апликантите може да се информираат на сајтот на Агенцијата за квалитет во високото образование.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МОН ќе чека да заврши кривичната постапка,…

Од Министерството за образование и наука денеска…

МОН: Семејствата на повредените кои се наоѓаат…

Министерството за образование и наука информира дека…

„Вие сте одговорни, од вас зависи“ порачаа…

Пред Министерството за образование на Србија се…

МОН дава финансиска поддршка за студирање на…

Студентите кои ќе се запишат на додипломски,…

Ученици поправале оцени во е-дневник, МОН бара…

Упад во системот на електронскиот дневник, кој…