МОН одобриле нови учебници за средно образование, ќе се печатат етапно

t

Во 2022 година Педагошката служба одобри стотина учебници за средно стручно четиригодишно образование, за општо-образовни предмети и за Математичко-информатичката гимназија. А за голем број предмети, постапките за изработка и одобрување на учебници се во тек, соопштуваат од Министерството за образование и наука (МОН).

Според МОН, листата со одобрени учебници постојано ќе се надополнува и како што најави министерот Јетон Шаќири, постапките за печатење етапно ќе се заокружуваат сè додека целиот процес за сите учебници не биде завршен.

Во буџетот на МОН секоја година се предвидуваат наменски средства за одобрување, односно набавка, печатење и дистрибуција на учебници за основно и средно образование. На почетокот на годинава приоритет се даде на учебниците во основното образование, а наскоро ќе започне и печатењето на учебници за средно стручно образование, кои се одобрени и за прв пат ќе ја најдат својата примена во наставата. Со тоа ќе се надмине предизвикот кој постоеше долги години наназад, по многу предмети во средното стручно образование кое е дефицитарно и во фокусот на политиките за развој и промоција, не постоеја никакви учебници, велат од МОН.

Материјалите од кои учениците учат се директно поврзани со наставните програми, постигнувањето на планираните резултати од учењето и стекнувањето на потребни компетенции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МОН одобриле нови учебници за средно образование,…

Во 2022 година Педагошката служба одобри стотина…

Анални аплпинисти им ја изедоа иднината на…

Изјавата на министерот за образование, Јетон Шаќири,…

Ако јадете помалку бифтеци можеби ќе имате:…

Реално немаме пари за учебници по сите…

Леле браво, многу брзо – Шаќири: Надминат…

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири…

Почна второто полугодие, ако имаме среќа учениците…

За основците и средношколците денеска почнува второто…