Морничаво: Обид за убиство во Струмица

Од МВР известуваат дека е поднесена кривична пријава против струмичанец поради сомнение дека сторил кривично дело обид за убиство.
Ова е соопштението од МВР:
“Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за општ и насилен криминал во координација со полициски службеници Одделението за внатрешни работи Струмица по преземени мерки и активности во текот на вчерашниот ден го лишија од слобода Ф.Д.(33) од Струмица, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело обид за убиство.
Имено, на 24.12.2021 во СВР Струмица било пријавено дека во ЈЗУ Општа болница Струмица со тешки телесни повреди од тврд предмет бил донесен М.О.(56) од село Нова маала, општина Василево. Од преземените активности од страна на полициските службеници било утврдено дека на критичниот датум осомничениот во домот на М.О. го извршил кривичното дело.
Денеска (01.01.2022) СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против Ф.Д., по член 123, во врска со член 19 од Кривичниот законик и во текот на денот ќе биде изведен пред судија на претходна постапка од Основен суд Струмица.”
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Убиена жена од Кочани претходно пријавувала во…
Утрово во Кочани, по претходна меѓусебна расправија,…
Тргнете се од нашите деца! Струмичани го…
Струмичани денеска излегоа во голем број на…
Тешка сообраќајна несреќа во Струмица: Прегазена жена
На 25.08.2023 во 07,40 част во Струмица…
Две лица ограбиле казино во Струмица
Утринава околу 05.35 часот полициски службеници од…
Сообраќајна несреќа откри малолетни дилери на дрога…
СВР Струмица поднесе известување до ОЈО Струмница…