Објавено на:

Морничаво: Тело на младо девојче пронајдено во контејнер во Торонто

t

Полицијата во Канада се обидува да идентификува девојка чие тело е пронајдено во контејнер во Торонто, мрачно откритие што го потресе градот и искусните инспектори кои го истражуваат случајот, пишува Гардијан.

Полициската служба во Торонто објави дека телото, откриено уште во понеделникот во богатата населба, е на црно девојче за кое се верува дека е на возраст меѓу четири и седум години.

Инспекторите за убиства ги вкрстуваат описите на детето со случаи на исчезнати лица низ целата земја, но признаваат дека детето можеби не било пријавено за исчезнато.

„Наш прв приоритет сега е да го утврдиме идентитетот на ова мало девојче.“, им рече на новинарите инспекторот Хенк Идсинга. „Децата не умираат туку така“.

Во средата беше извршена постморта, но полицијата се уште не ја утврди причината за смртта.

Полицијата вели дека според досегашните извештаи, девојчето би можело да биде мртво уште пред минатото лето.

Полицајците беа повикани во градилиште во Розедејл, една од најбогатите населби во градот. Тие го пронашле телото на девојчето завиткано во ќебе во пластична кеса.

Инспекторите веруваат дека нејзиното тело било оставено на градилиштето помеѓу 28 април и 2 мај, локација во близина на автопат и блиску до станбена зграда. Иако нема камери директно свртени кон контејнерот, полицијата почна да собира снимки од блиските камери.

Градоначалникот на Торонто, Џон Тори, случајот го нарече „неискажлива трагедија“ и ги повика сите што би можеле да ги препознаат ќебињата или да знаат за девојката која одговара на полицискиот опис, да се јават во полиција.

Жителите веќе го претворија предниот дел на имотот во импровизиран споменик за детето. Некои ставија цвеќиња, други картичка на која пишуваше „Малечко, се молиме небото да ти ги исуши солзите“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Морничаво: Тело на младо девојче пронајдено во…

Полицијата во Канада се обидува да идентификува…