Москва: Ерменците го предаваат оружјето во Нагорно-Карабах

Руското Министерство за одбрана соопшти дека ерменските единици во Нагорно Карабах почнале да го предаваат оружјето по постигнувањето на договорот за прекин на огнот.
Тие од денеска предадоа шест единици оклопни возила, над 800 парчиња мало и противтенковско оружје и околу 5.000 парчиња муниција, се вели во соопштението на руското Министерство.
Руските мировници се уште се грижат за 826 цивили, меѓу кои 440 деца, кои сега немаат можност да се вратат во своите домови.
Како што се посочува во соопштението, организирано е нивно сместување, храна и медицинска помош.
Инаку, вчера беше постигнат договор за прекин на огнот меѓу азербејџанските вооружени сили и ерменските војници во Нагорно Карабах.
Договорот е постигнат со посредство на рускиот мировен контингент, откако официјален Баку започна антитерористичка операција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бугарскиот парламент контра Радев: Оружје во Украина…
Бугарскиот парламент го отфрли ветото што претседателот…
Во своето последно интервју Кисинџер објасни што…
Поранешниот американски државен секретар Хенри Кисинџер во…
ГОЛЕМА АКЦИЈА НА ЕВРОПОЛ: Над 500 лица…
Европол уапси 566 лица и заплени над…
(Видео) Моди леташе со борбени авиони произведени…
Премиерот го постави домашното производство на оружје…
Зеленски се жали: Откако почна конфликтот Израел-Хамас…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека испораките…