Москва: Украинците претрпеа страшни загуби во обидот за контраофанзива

Украинските војници претрпеа големи загуби во неуспешен офанзивен обид во регионите Николаев и Херсон во три правци, соопшти Министерството за одбрана на Русија.
„За време на борбите уништени се 26 украински тенкови, 23 пешадиски борбени возила, девет други оклопни борбени возила и соборени се два јуришни авиони Су-25. Загубите на непријателот во жива сила се повеќе од 560 војници“, соопшти Министерството.
Се наведува дека украинските војници се обиделе да ја извршат офанзивата по директна наредба на украинскиот претседател Володимир Зеленски.
За тоа дека Украина во понеделникот започна офанзива на јужниот фронт, пренесе Ројтерс повикувајќи се на претставникот на оперативната команда „Југ“ на Министерството за одбрана на Украина, Наталија Гумењук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Подморница на иднината: Русите ја создаваат “Арктур”…
Централното проектантско биро „Рубин“ од Санкт Петербург…
Херсон доби нов проруски шеф на регионот,…
Избраниот гувернер на регионот Херсон, Владимир Салдо,…
Дачиќ му се пожали на Лавров: Тешка…
Министерот за надворешни работи, Ивица Дачиќ денеска…
Нова воена помош од 480 МИЛИОНИ ДОЛАРИ…
Канада ќе обезбеди дополнителна воена помош од…
“Сувереност”: САД барале објаснување од Полска за…
САД побараа од Полска да ја објасни…