МПЦ-ОА ги продолжува разговорите со СПЦ: Најсрдечно се заблагодари до Вартоломеј за понуденото решение

t

Светиот архијерејски синод (САС) на Македонската православна црква – Охридска архиепископија изрази најсрдечна благодарност до вселенскиот патријарх Вартоломеј за синодалниот акт за канонско и евхаристиско единство на ерархијата на МПЦ-ОА со еклисиолошкото име со кое се потврдува вековниот црковен континуитет и најави продолжување на разговорите со СПЦ до уредувањето на конечниот статус на македонската црква.

САС на МПЦ-ОА на денешната вонредна седница, расправал за актуелните настани што се однесуваат на воспоставувањето на евхаристиската заедница на ерархијата, клирот и народот на МПЦ – ОА со православните помесни цркви, како и за конечниот автокефален статус на нашата црква, соопшти канцеларијата на САС на МПЦ – ОА.

„САС на МПЦ – ОА изразува најсрдечна благодарност на Неговата Сесветост Вселенскиот патријарх г. г. Вартоломеј за Патријаршискиот и Синодален акт за канонско и евхаристиско единство на нашата ерархија, при што, прифаќањето е со еклисиолошкото име со што се обезбедува вековниот црковен континуитет. Истовремено ја известуваме јавноста дека продолжуваат разговорите со Српската православна црква до уредувањето на конечниот статус на нашата Црква, како и по препорака на Цариградската патријаршија, која во рамките на светоканонскиот чин и црковно предание треба да се уредат управните прашања помеѓу двете цркви“, се наведува во соопштението по вонредната синодска седница.

Синодот на МПЦ-ОА на оваа седница одлучи да се канонизираат двајца македонски преродбеници олицетворени во личностите на Јоаким Крчоски и Кирил Пејчиновиќ – Лешочки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украинците уништија едно од седиштата на Вагнер

Шефот на украинската воена управа во Луганск,…

Ѓоргиев: Периодот на 19 и 20 век…

Доколу нема договор, Комисијата по секоја цена…

Српски виролози: Европрајд е потенцијална епидемиолошка бомба…

Предупредување од српски виролози: Европрајд е потенцијална…

Зијан одмор: Повторно оштетени македонски возила во…

Шест македонски возила изгребени со остар предмет…

Украина ја продолжи вонредната состојба и мобилизацијата…

Украинскиот парламент, Врховниот труд, денеска ги поддржа…