МПЦ против Коледе, бадникарските огнови и лепчето со паричка: Забранија поповите да учествуваат

Отецот Бобан од Македонската православна црква (МПЦ) информира дека постои одлука на Скопската епархија, според која свештениците и поповите не смеат да учествуваат на коледарските огнови и да вршат богослужба.
– Вакви огнови ја губат смислата. Литургијата и богослужбата се правилен момент. Коледарските огнови ја губат традицијата. Порано се пееле побожни песни, а денес е сосема различно. Сега гледаме конзумација на алкохол и мрсна храна на ваквите настани во време на строг пост, како и ора и песни кои немаат никаква поврзаност со верата и Бога. Овие не се христијански обичаи и го губат христијанскиот елемент. Сепак верувам дека граѓаните имаат слух, рече отецот Бобан во гостувањето на Дневникот на ТВ Сител.
Отецот смета дека ова не е традиција, поради тоа што не се чествува насекаде низ Македонија.
Свештеното лице исто така информира дека лепчето со паричка не е традиција на Божиќ.
-Увезен е кај нас ваквиот обичај. Лепчето се крши само за Василица, додаде отецот Бобан.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Календар на МПЦ: Денес се празнуваат овие…
Леонтиј беше римски војвода во финикискиот град…
Спутник: Покрај ИМЕТО, еве од што треба…
Долгоочекуваната заедничка литургија на свештенството на МПЦ-ОА…
Календар на МПЦ: Утре се празнуваат овие…
Светиот апостол Андроник Еден од Седумдесеттемина. Роднина…
Црквата не е политичка игра-Црквата пред се…
Во вечерашното гостување на Отец Ивица во…
Отец Ивица: Нашата црква долги години имаше…
Во вечерашната епизода на "Тешки муабети" гостуваше…