Објавено на:

Мрак во Албанија: Исклучено уличното осветлување поради енергетската криза

t

Албанија им нареди на сите градови да ги исклучат светилките во јавните институции доколку е потребно и да го исклучат уличното осветлување поради енергетската криза предизвикана од сушата и наглото поскапување на струјата. Поради недостиг на вода, државното претпријатие за електрична енергија КЕШ во неделата запре 11 од 13 турбини во хидроцентралите и беше принудена најголемиот дел од побарувачката на струја да ја задоволи со увоз, пренесува Индекс.

Хидроцентралите со месеци се борат со оскудни врнежи, а и онака тешката ситуација ескалира минатата година во криза кога цената на струјата се зголеми за четири пати, не само во Албанија, туку и во другите европски земји. Руската инвазија на Украина додаде масло на огнот, а владата најави дека цените би можеле да пораснат и до 1.000 евра за мегават-час.

– Во следните два дена нема да има дожд и работите само се влошуваат, затоа мораме да се потпреме на увозот – изјави во неделата министерката за енергетика Белинда Балуку.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонски државјани се повредени во сообраќајка во…

Двајца македонски државјани се здобиле со тешки…

МАЕИ бара поголема застапеност на македонското малцинство…

Од исклучителна важност е македонското малцинство, како…

Во Албанија е идентификуван првиот случај на…

Првиот случај на мајмунски сипаници е потврден…

Рама: Албанија доби „зелено светло“ за отворање…

Албанскиот премиер Еди Рама објави дека земјата…

Ѓоковиќ воодушевен од односот на албанските и…

Тенисерот Новак Ѓоковиќ се огласи за натпреварот…