Муареми: „На работа сум, а Ковачевски не ми побарал оставка“

t

Директорот на управата за финансиска полиција Арафат Муареми ги демантира обвинувањата дека премиерот Ковачевски му побарал оставка. Во меѓувреме 4 институции водат свои истраги за причините за тригодишниот неуспех за конфискација на имотот на Трансмет по донесена пресуда за сторено кривично дело.

Категорично ги отфрлам шпекулациите и натписите на одредени портали пласирани во јавноста кои се однесуваат на тоа дека сум недостапен, односно во бегство. Се наоѓам во државата и тековно ги извршувам своите работни обврски како директор на Управата за финансиска полиција. Ова го тврди директорот на Управата Арафат Муареми за Радио Слободна Европа, откако во некои медиуми беа објавени информациите дека по објавата за предистражната постапка против него ја напуштил земјата. Тој демантира дека премиерот Димитар Ковачевски побарал негово разрешување или да се повлече од функцијата.


„Како и досега, и натаму ќе продолжам да ја извршувам својата функција – директор на Управата за финансиска полиција професионално, одговорно и транспарентно во своето работење, согласно позитивните законски прописи“, вели Муареми во одговорот на прашањето дали размислува сам да се повлече од функцијата по отворената обвинителска постапка.

Извор: РСЕ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рама не’ охрабрува: Браќа Македонци и Албанци,…

Премиерот на Албанија, Еди Рама преку Твитер…

Се огласи Пендаровски: Овој француски предлог е…

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ми соопшти,…

Украина “се спука” со Сирија заради признавањето…

Министерството за надворешни работи на Украина објави…

Оградата ќе спречи напад? Полска ја заврши…

Полска ја заврши изградбата на 187 километри…

Курти демантира: Не сум ветил визна либерализација,…

Косовскиот премиер Албин Курти вели дека за…