Му ги кинеле гаќите, тетратките и учебниците – првенец на генерација две години трпел врсничко насилство во Градско!

t

Ученик во деветто одделение во основното училиште “Даме Груев” во Градско, кој е и првенец на генерацијата, подолго време бил изложен на врсничко насилство од своите соученици, што е пријавено во полиција и кај директорот на училиштето, пренесува велешкиот портал Дума.мк.

– Моето 14 ипол годишно машко дете минатата и оваа учебна година континуирано било изложено на булинг. Се додека на 11 ноември годинава, дома не се врати со искинат долен веш и со гребаници. Му удирале фиски по главата, му го уништувале училишниот прибор и му го фрлале низ  прозорец. Цело време моето дете молчело поради срам”, раскажува родителот на малтретираното дете, кое поради тоа веќе три недели не оди на настава.

Тој го пријавил случајот кај класниот раководител Благој Ристов и кај директорката Таца Дукова, а на 12 ноември го пријавил случајот и во СВР Велес.

Родителот на детето е разочаран е од институциите зашто во изминатите 17 денови никој не помогнал во надминување на траумите што малолетното дете ги претрпело.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хорор во САД: Шестгодишен ученик застрела наставничка

Шестгодишен ученик вчера пукаше со пиштол и…

Му ги кинеле гаќите, тетратките и учебниците…

Ученик во деветто одделение во основното училиште…

Приведен наставник од тетовско: Физички нападнал ученик

Полициски службеници од СВР Тетово синоќа го…

Каде живееме?! Тројца насилници нападнале маж и…

36-годишна жителка на Тетово вчера пријавила дека…

Хаос во Скопје: Насилник извадил нож во…

На 18.10.2022 во 18:00 часот на бул.„Партизански…