Објавено на:

Му го запалиле “пред нос”: МВР со детали за запаленото возило на вработен во Идризово

t

Утрово на паркингот пред затворот во Идризово било опожарено возилото на командир вработен во скопскиот затвор во Идризово.

„На 16.06.2022 во 01,50 часот во СВР Скопје, било пријавено дека во кругот на Казнено поправната установа Затвор „Идризово“ на паркингот позади управната зграда, било опожарено патничко моторно возило „фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на вработен во затворот.

Пожарот бил локализиран од страна на Бригадата за противпожарна заштита и сопственикот, кој при гаснење на пожарот се здобил со повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР за „Локално“.

Изминативе денови имаше полициска акција за утврдување на одговорност за вработените во затворот кои дозволувале внесување ладно оружје, наркотични средства, мобилни телефони и други забранети предмети.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Запалено возило во Куманово: Интервенирале пожарникари

Кумановските пожарникари интервенирале на три пожари во…

(Фото) Започна протестот на затворската полиција во…

Откако беа запленети голема количина на дрога,…

Му го запалиле “пред нос”: МВР со…

Утрово на паркингот пред затворот во Идризово…

Голем дел од дрогата и оружјето во…

Никој нема да биде поштеден од одговорност,…

Полицијата ги бара: Кумановец и светиниколец не…

Сопственик на рентакар фирма од кумановско, вчера…