Објавено на:

Му се зakaни, Австралискиот пpeмиер дpзoк: Со првиот лет ќе го вратиме Ѓоковиќ дома

t

Според изјавата на министерката за надворешни работи на Австралија, Карен Ендрјус, најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ би можел да има проблеми при влезот во оваа земја, иако соопшти дека добил лекарско ослободување и ќе учествува на Австралија Опен.

Исклучувањето на Ноле од ковид-протоколите предизвика големо внимание во Австралија, а Ендрјус истакна дека ниту еден тенисер што ќе се натпреварува во Мелбурн нема да добие посебен третман.


„Никој што ќе се натпреварува на Австралија Опен нема да добие посебен третман. Барањето за карантин за меѓународни пристигнувања во Викторија, вклучително и невакцинирани лица, е прашање на Владата на Викторија.

Од 15 декември 2021 година, само вакцинирани иматели на виза можат да патуваат во Австралија без да побараат ослободување и можат да влезат на нашите територии без карантин. Австралиските гранични сили ќе продолжат да гарантираат дека секој што доаѓа на границата ги исполнува строгите барања на земјата“, се вели во соопштението на Ендрјус.

Свој став искажа и премиерот на Австралија, Скот Морисон.

„Мојот став е дека секој што сака да влезе во Австралија мора да ги исполнува нашите барања. Новак Ѓоковиќ, кога ќе пристигне во Австралија, ако не е вакциниран, мора да покаже прифатливи докази дека не смее да се вакцинира од медицински причини. Го чекаме да се појави и ако тој доказ не е доволен, со следниот лет ќе биде пратен дома. Не треба да има посебни мерки за Новак Ѓоковиќ, ниту пак за некој друг“, изјави Морисон.

Дали Новак Ѓоковиќ го чекаат потенцијални проблеми при влезот во Австралија наското ќе се дознае.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дaна Вајт: Волкановски ја доби почитта од…

Дaна Вајт рече дека нема да му…

Заменик амбасадорот на Австралија во посета на…

Интензивирање на соработката во бизнисот, образованието и…

Австралија ѝ испрати воена помош на Украина

Австралија ги испрати првите четири од 14-те…

Марлс: Сакаме да ги проширеме безбедносните врски…

Австралија сака да ги прошири и продлабочи…

Мирошниченко: Оружјето не е доволно, особено во…

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, им даде…