Му се јавив на Мицкоски, договоривме средба наскоро, најави Ковачевски

t

Нормално е, смета премиерот, двете најголеми партии да комуницираат бидејќи имаме предизвици како што се пандемијата, енергетската и здравствената криза, но и евроинтеграцискиот процес.

Премиерот и лидер на СДСМ Димитар Ковачевски информираше дека утрово се слушнал со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и дека договориле средба која треба да се случи наскоро.


„Утрово му се јавив на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и се договоривме наредниот период, многу скоро, да организираме средба. Таа средба можеше да се случи и порано, но заради зафатената агенда во Владата, како и заради тоа што двајцата секретари на СДСМ беа во изолација поради инфекција со вирусот, денеска почнавме со организација на таа средба и таа ќе се случи наскоро“, – изјави Ковачевски во интервју за националниот сервис МРТ1.

Тој смета дека е природно и нормално двете партии – најголемата на власт и во опозиција, да комуницираат меѓу себе бидејќи, како што рече, пред нас имаме многу предизвици кои се поврзани со справувањето со здравствената пандемија, со енергетската и топлинската криза во државата, како и со евроинтеграцискиот процес. Евроинтегративниот процес, рече тој, не го гледа само низ разговори со Бугарија, туку и како еден цел концепт на реформи во македонското општество, вклучително и реформи во правосудството, реформи во борбата против корупцијата и криминалот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украинец од Харков уапсен во хотел во…

На 05.07.2022 година во 01 часот во…

(Видео) Се вжештува атмосферата пред Влада

Се вжештува атмосферата пред Владата. Иако во…

Познат е новиот ковид биланс, бројот на…

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје,…

Средба на Пендаровски со претседателот на Европскиот…

Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари средба со…

Левица: Во 19:00 часот се гледаме пред…

,,СОГРАЃАНИ, ПАТРИОТИ, МАКЕДОНЦИ - ПРОТЕСТИТЕ ЗА ОДБРАНА…