Објавено на:

М-р Јове Парговски и д-р Ирена Ружин на меѓународен вебинар „Иновации во инклузијата, мали чекори кон големи музеи”

t

Во организација на Балканска музејска мрежа беше организиран меѓународен вебинар „Иновации во инклузијата, мали чекори кон големи музеи”на кој учество зедоа  50 учесници, од 31 град и три континенти. На овој меѓународен  вебинар учество зедоа м-р Јове Парговски и д-р Ирена Ружин, од НУ Завод и Музеј од Битола, со свои излагања на тема „Имплементација на ефективни и исплатливи дигитални решенија за подобрување на искуството на посетителите”, осврнувајќи се на искуството со проектите за пристапност на НУ Завод и музеј Битола во минатите години, како и новите решенија.

М-р Јове Парговски автор на концепт и тактилни слики  изјави дека вебинарот е дел од проектот „Да ги направиме музеите на Балканот попристапни за лицата со попреченост“ што е финансиран од Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград преку  Програмата за мали грантови на алумни.

Д-р Ирена Ружин – раководител на проект изјави:

-Наша цел е да го промовираме нашето богато културно наследство преку тактилните изложби, работилници, онлајн обуки и вебинари со став дека музеите се за сите“.

НУ Завод и музеј Битола продолжува да ја докажува моќта на музеите преку иновативен пристап до музејот и недвижното културно наследство од Битола, за лицата со попреченост.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Приведен 50-годишен битолчанец: Допирал малолетник по телото

На 25.09.2022, полициски службеници од СВР Битола…

Хаос на македонските улици: Дете прегазено во…

Вчера на улицата „Кемал Сејфула“ во скопската…

Уапсени дилери на дрога од Прилеп и…

Денеска ( 05.09.2022) полициски службеници од СВР…

Прилепчанец со кола се прошетал по Широк…

Вчера во 11:45 часот во просториите на…

Добра вест: Пронајдено исчезнатото момче од Битола

СВР-Битола доцна вечерва соопшти дека малолетникот кој…