Набавката на горива во буриња, канистри и во канти е незаконскa: Бензинските пумпи работат со загуба

На поголем број на бензински пумпи низ земјава, забележани се колони на автомобили, чии сопственици се обидуваат да наточат гориво.
Стравот од недостаток на гориво поради војната во Украина и санкциите кон Русија, предизвикаа страв кај населението, па од таа причина на бензинските пуми е гужва. Дел од граѓаните се обидуваат да создадат залихи на гориво, пресипувајќи го во канти или во канистри.
„Набавката на гориво во буриња, канистри, канти и други садови е спротивно на законските реулативи, бидејќи несоодветното складирање и чување на горивата може да предизвика опасни ситуации по животот на луѓето, како и загадување на околината“, велат од Макпетрол.
Во соопштението од Макпетрол, испратено до средствата за јавно информирање, се вели и дека компаниите кои се дел од бизнисот со горива се наоѓаат во мошне тешка положба.
„Поради новонастанатата глобално-политичка ситуација, како резултат на која што има неколкукратно зголемување на цените на сите нафтени деривати, компаниите што се дел од оваа економска гранка се наоѓаат во исклучително тешка ситуација, што подразбира и работа со загуба. Имајќи ја во предвид долгогодишната традиција и професионални капацитети, компанијата и во овие особено тешки и комплексни услови ќе продолжи да работи без застој и рестрикции, со цел и граѓаните и компаниите без проблеми да функционираат“, додаваат од компанијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
И Германија го повика Иран да разговара…
Германскиот канцелар Фридрих Мерц го повикува Иран…
Кога имате ситуација директор на АНБ фалсификатор,…
Лојалност– награда – глупост Можеби ви изгледа…
Иранска опозиционерка: Време е Хамнеи да си…
Марјам Раџави, претседателка на опозицискиот Национален совет…
Стармер: Иран да се врати на преговарачка…
Британскиот премиер Кир Стармер го повикува Иран…
Македонска амбасада во Израел: Затворен аеродромот во…
Од македонската амбасада во Израел информираат дека…