Објавено на:

Нагло се зголемила продажбата на антидепресиви во Русија откако Путин објави мобилизација

t

Продажбата на антидепресиви во руските аптеки се зголемила откако претседателот Владимир Путин на 21 септември објави делумна мобилизација на 300.000 резервисти за фронтот во Украина, јави државната агенција ТАСС.

Во неделата од 19 до 25 септември, продажбата се зголемила за 2,2 пати во споредба со истата недела минатата година, покажуваат податоците на руската маркетинг-компанија DSM Group.

Претседателката на Алијансата на фармацевтските здруженија на Русија, Викторија Пресњакова, за ТАСС изјави дека од почетокот на воените дејствија на 24 февруари, побарувачката за антидепресиви, апчиња за спиење и средства за смирување е значително зголемена во споредба со претходните години.

Според неа, тоа се должи на „геополитичката и економската ситуација”.

Пресњакова вели дека има многу пациенти на кои по првпат им биле препишани такви лекови. Меѓутоа, за да се смират, луѓето купуваат и лекови без рецепт. Во руските аптеки слободно се издаваат многу лекови за кои во други земји е потребен рецепт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Поранешен бугарски МВР: Бугарија направи решителен чекор…

Бугарскиот министер за одбрана Димитр Стојанов направи…

Загинаа тројца пилоти: Русија тврди дека Украина…

Украина изврши напад врз воените аеродроми во…

Лавров: Американската политика на воена конфронтација со…

Политиката на воена конфронтација на САД и…

Паника во САД и Јапонија: Не можат…

Вашингтон и Токио нема да можат да…

Британско разузнавање: Се намалува поддршката за Русија…

Британското Министерство за одбрана во најновиот извештај…