Надал со нов нoж во грбот на Ноле: Австралија Опен ќе биде одличен гренслем и без Ѓоковиќ

Додека е во тек борбата на Ѓоковиќ да остане во Австралија и да настапи на Австралија Опен во јавноста најголемо внимание со своите коментари привлекува Шпанецот Рафаел Надал.
Надал претходно неколку пати го критикуваше Ѓоковиќ, а сега одново даде таква изјава. Шпанецот порача дека не се согласува со работите што ги прави српскиот тенисер.
„Турнирот во Мелбурн е поважен и поголем од било кој тенисер. Австралија Опен ќе биде одличен гренслем и без него. Го почитувам Новак, но не се согласувам со многу работи што ги направи во последните две недели“, изјави Надал.
Ќе потсетиме, ако Ѓоковиќ настапи на Австралија Опен и дојде до титулата ќе има 21 освоени гренслем титули со што би имал една повеќе од Надал и Федерер на вечната листа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Утре ќе се знае дали „Цар Борис“…
Утре ќе се знае дали Цар Борис…
Следете нè: Вечерва во 21 часот “Тешки…
Следете ја денешната епизода на "Тешки муабети"…
(Видео) Бер Грилс му понудил чоколадо на…
Познатиот авантурист Бер Грилс е обвинет дека…
Три лица уапсени за дрога во Скопје
Денеска по полноќ и вчера полицијата апсеше…
Поднесена кривична против две лица за недозволена…
Единицата за сериозен криминал и кривични дела…