Над 12.000 лица со поизитвен тест од утре ќе треба макар и неоздравени да тргнат на работа

t

Над 12.000 лица кои имале позитивен тест на Ковид 19 во последните две недели од утре ќе треба макар и неоздравени да тргнат на работа оти Министерството за здравство пред време ги „оздраве“.- реагираат матичните лекари, пренесува Телма.

Со новите мерки кои ги усвои владата асимптоматските да се 7 наместо 10 дена во изолација, а тие со симптоми седум плус три дена, наместо претходните 20, и тоа да важи ретроактивно- настана хаос во системот со боелдувањата, односно во петокот беа наеднаш „оздравени“ 7.273 лица. Тоа се тие кои имале позитиве тест една недела до дест денови претходно. А до утре според пресметките на Телма според бројот на позитивни случаи кој ги објавува Министерството, излегува дека на работа треба да се појават уште над 4.000 нови кои имале позитивен тест 7 до 10 дена претходно. Или станува збор за бројка од околу 12.500 лица за кои матичните не гарантираат дека сите се здрави за да тргнат на работа. Велат во хаос се и тие и пациентите на кои со административна одлука пред време им истекува изолацијата.

Сметаат дека ваквата одлука е грешна и ќе донесе дополнителни проблеми на терен. Трајковски вели или надлежните не се доволни свесни за ситуацијата или пак се свесни но им одогвара ваков брз начин на решавање на проблемите, кој што пак ќе донесе нови проблеми.

Поплаки стигнале и до Здружението на матични лекари. Велат новата одлука направила хаос.

Министерот за здравство пак Беким Сали тврди дека одлуката е исправна, бидејќи не требало да остават во продолжена изолација лица кои се здрави, бидејќи омикрон варијантата има поблаги симптоми од делта сојот.

Извор: Телма

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„YouTube“ воведува нова функција: Ова ќе израдува…

„YouTube“ воведува нова функција наречена „Play Something“…

Што предвидел Нострадамус за 2025 година?

Францускиот астролог, роден како Мишел де Нострадам,…

Масовна тепачка на дочекот на кој настапи…

За време на новогодишната ноќ, Белград беше…

,,Курск е многу силен адут во какви…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја оцени операцијата…

Тајландскaтa премиерка пријави имот од над 400…

Тајландската премиерка Петонгтарн Шинаватра пријави имот во…