Објавено на:

Над 25.000 посетители на роденденска прослава: Со спектакуларен концерт на Жељко Самарџиќ заврши Културно лето во Кисела Вода

t

Саботната летна бура во Скопје, не ги обесхрабри посетителите да бидат дел од четвртиот ден од неколкудневната роденденска прослава на најстарата општина во Скопје, – Општина Кисела Вода. Со концертот на мега популарната балканска ѕвезда, Жељко Самарџиќ, заврши и овогодинешното издание на „Културно лето 2022“, кое беше организирано во склоп на роденденската кампања на општината, – „67 години Моја Кисела Вода“.

Летната вечер во саботата, Расадник беше центарот на роденденското одбележување, каде се собраа околу 15.000 посетители, кои сѐ до полноќ уживаа во забавната атмосфера на безвременските хитови на Самарџиќ, како и на омилениот Боби Павловски.

За време на „Културно лето 2022“ над 25.000 посетители беа дел од овие настани, кои уживаа во културно-забавна програма, која се реализираше за првпат по 30 години.

„Културно лето 2022“ траеше 4 консекутивни дена, а започна на 29 јуни со Хуманитарна Коријада, по која следеа концерти на Филип Шурбевски Егзија Квартет, како и на Ефто Пупиноски со кои беше доловена убавината на македонската народна песна. По нивните настапи, следеше концертот на македонската поп ѕвезда Влатко Лозаноски – Лозано, кој заедно со присутната публика ги пееа неговите најпознати хитови.

Главни за забавата во Парк Македонија на втората вечер, беа младите музички артисти и миленици на помладата публика, ДиЏеј Оги и Теа Трајковска, а со свој концерт познатите ДНК, кои оваа година го прославуваат и својот 20-годишен јубилеј на македонската сцена, направија вистински спектакл за присутните.

Третата вечер започна со традиционален концерт на талентираните КУД Китка од Драчево, чии настапи, коишто ја пренесуваат љубовта кон македонската култура и изворна музика, се секогаш меѓу најомилените кај македонскиот народ. За збогатување на роденденската забава во петокот во Три Круши во Драчево, задолжени беа маестрата на македонската фолк музика, Миле Кузмановски, како и Наум Петрески, Зуица Лазова и Владимир Поповски со бенд. На 02 јули (сабота) гласот на дечињата од „Златно славејче“, како и настапот на танцовото студио Данса Латина Стефи, ги разиграа присутните со дневна роденденска забава и слатки изненадувања и подароци, пропратени со весела атмосфера збогатена со жонглери, магионичари и забавувачи.

По повод 67 годишното постоење, Општина Кисела Вода, покрај организација на Културното лето во изминатата седмица, секојдневно официјализираше и промовираше седум капитални инфраструктурни проекти за доброто на сите жители на оваа општина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…

Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…

Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…

(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…

Сиљановска ќе почека да се формира новата…

ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…

Со 88 гласа “за” пред 3 часот…

Американската амбасада ќе ги подобрува односите помеѓу…

Аташето за култура и образовани на САД…