Над 860.000 лица пристигнаа во Русија од Украина и Донбас

Над 860.000 лица пристигнаа во Русија од Украина и територијата на Донецката и Луганската народна република, информираа руските безбедносни служби за ТАСС, зборувајќи за самопрогласените републики и анектираниот Крим.
„Вкупно над 860.000 лица, вклучувајќи повеќе од 161.000 деца, пристигнаа во Русија преку контролните пунктови во Ростовска, Белгородска, како и регионот Брјанск и Република Крим”, тврди изворот.
Се додава и дека протокот на луѓе, кои ја преминуваат границата од Донбас и Украина, е благо намален во последните денови, од 20.000 на 15.000 лица дневно.
Меѓу оние кои пристигнале во Русија, има над 237.000 граѓани на Руската федерација, над 480.000 лица од самопрогласените ДНР и ЛНР, а 142.000 луѓе од Украина и од други држави, пишуваат дел медиуми.
Повеќе од 32.000 бегалци се сместени во центри за привремено сместување во 45 региони.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Папата утре ја напушта болницата
Папата Франциск утре треба да биде пуштен…
На Гренланд започна бојкот на американските производи
Граѓаните на Гренланд започнаа бојкот на американските…
Израел го нападна Либан
Со повеќе воздушни напади Израел атакуваше на…
„Вие го запаливте пламенот спремете се за…
Вечерва во Штип се одржа марш. Младите…
Доктор Нико Беќаровски со совети за детоксикација…
Професор доктор Нико Беќаровски од Клиниката за…