Наместо депонија со 15-20 метри отпад во висина палена секој месец сега се гради Мега парк – Прашајте ги граѓаните дали тогаш или сега им е подобро!

t

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска демантираше дека отпадот од депонијата на чија територија сега се гради мега паркот во Општина Ѓорче Петров бил депониран несоодветно како што обвини советникот Гордан Шутаров.

– Сметам дека доста јасно и децидно кажа директорот на ЈП Паркови и зеленило дека не е точно тоа, и вие веројатно сте виделе на терен како изгледа тоа.

Таму имаше над 15-20 метри во висина отпад, како може да се затрупа тоа. Тој отпад е соодветно депониран.
Вие сте негувале четири години дива депонија, дали граѓаните живееле на контаминирана почва пред една година или сега? Секој месец по пет пати се палела таа депонија и сега некој има образ да излезе да праша зошто таму ќе има мега парк. Може да се испита почвата, греота е да зборувате за луѓето кои таму живеат дека им било поубаво кога имало дива депонија, отколку сега. Граѓанте се среќни.

Не е штетно да излезете и еднаш да пофалите дека некој направил нешто што вие не можевте да направите.
Срамота е оваа селективност, ако сте виделе фотографии од тоа како изгледало пртходно ќе сте виделе дека тоа не може да се скрие.

Таму живеат граѓани кои знаат во што живееле во изминатите 4 години, во дива депонија која се палела по неколку пати во месецот, со тоа живееле и тоа го дишеле. Излезете и прашајте ги кога им било подобро, дали тогаш или сега, мислам дека нивниот одговор ќе биде јасен и дециден, истакна Арсовска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Посебен режим на сообраќај во недела во…

СВР Скопје ги известува граѓаните дека во…

(Во живо) „Цела Влада оставка!“ – Младите…

Со 20-минутен молк продолжува протестниот марш, граѓаните,…

Кој се плаши да види колку народ…

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните…

Марш за одговорност и безбедност во Понеделник…

Инстаграм профилот „Кој е следен“ повика на…

Седум локации – МВР забрани да се…

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните…