Нападната полициска партола во Косово: Ранет еден полицаец!

t

Припадник на косовската полиција е ранет во синоќешниот вооружен напад врз полициска патрола во селото Србовац, во општина Звечане, во северно Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според соопштението на косовското МВР, полициската патрола била нападната од лица вооружени со долги пушки од возило „ауди“ со регистерски таблички КМ – Косовска Митровица, со какви што се опремуваат од Србија возилата на косовските Срби во областите во северно Косово населени со мнозинско српско население.

Како последица на нападот, се вели во соопштението, освен што е повреден еден полицаец, предизвикана е и значителна материјална штета.

– Вечерва, 08.12.2022, околу 23 часот, во селото Србовац, општина Звечане, полициска единица за време на извршувањето на редовните задачи, при патролирање, е нападната од вооружени лица со долги пушки, од возило марка Ауди, сива боја, со таблички КМ, соопшти косовската полиција.

Претходните денови имаше неколку инциденти, во кои беа употребени рачни гранати и шок-бомби, во општините во северно Косово, населени со мнозинско српско население. Цел на нападите беа општинските изборни комисии, кои ги започнаа подготовките за вонредните избори во тој регион, откако пред еден месец тамошните Срби ги напуштија локалните и државните институции поради намерата на Приштина да ги казнува оние кои не ги замениле нелегалните српски со косовски регистрерски таблички.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нови тензии во Косово: Каменуван автомобил на…

Автомобил управуван од Србинот Саша Блажиќ вечерва…

Курти: Во Косово нема српски општини

Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека на Косово…

Шокантна одлука на судот во Приштина: Отфрлено…

Основниот суд во Приштина го отфрли обвинителниот…

Србија “ќе си легне на брашното”? Лајчак…

Специјалниот пратеник на ЕУ, Мирослав Лајчак, рече…

Додик во одбрана на Вучиќ: Косово еден…

Претседателот на босанскиот ентитет Република Српска, Милорад Додик,…