Народот победи! Нетанјаху го одложува спорниот закон за реформи во судството

Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху и министерот за внатрешни работи, Бен-Гвир постигнаа договор за одложување на судските реформи во Израел до јули.
Воедно, двајцата се договориле, како чекор кон зачувување на мирот во израелските градови, на следната седница на Владата да биде одобрено формирање Национална гарда под покровителство на Министерството за национална безбедност.
По тој повод министерот за внатрешни работи, Бен-Гвир изјави:
„Се согласив да го отстранам моето вето за одложување на законот, во замена за заложбата на премиерот Бенјамин Нетанјаху дека законот ќе биде доставен до Кнесетот на одобрување на следната седница, доколку не се постигнат договори за време на одморот.
Најавата доаѓа кога десетици илјади десничарски Израелци се собраа од целата земја за да демонстрираат во корист на судските реформи и бараат владата да не го замрзнува законот.
Премиерот Нетанјаху, наводно, планирал да одржи јавно обраќање утринава во кое ќе најави замрзнување на законот за реформи во правосудството по смената на министерот за одбрана и масовните демонстрации кои потоа избија низ целата земја во неделата вечерта.
Сепак, тој одлучи да се воздржи од изјава откако Верската ционистичка партија издаде соопштение во кое бара итно усвојување на закон за изменување и дополнување на Комисијата за избор на судии.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Народот победи! Нетанјаху го одложува спорниот закон…
Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху и министерот за…
Шокнатна изјава на разрешениот министер за одбрана:…
Разрешениот министер за одбрана на Израел, Јоав…
Вака прави НАРОД: Над 600.000 демонстранти на…
Над 600.000 демонстранти маршираат против најавената судска…
(Видео) РЕКА ОД НАРОД: Израелската армија го…
Израелските одбранбени сили го подигнаа нивото на…
(Видео) Полицијата со водени топови го брани…
Израелската полиција користи водени топови за да…