НАСА испраќа слики од голи луѓе во вселената за да „привлече вонземјани“

Научниците на НАСА планираат да лансираат слики од голи луѓе во вселената со надеж дека ќе привлечат вонземјани, пишуваат британските и американските медиуми.
Покрај прикажувањето на голи луѓе, ќе има и повик до интелигентните вонземјани да одговорат доколку најдат „вселенски чинови“.
Другите цивилизации, сепак, не треба да бидат премногу шокирани од чиновите, бидејќи тоа нема да бидат фотографии на голи луѓе, туку цртежи на гол маж и жена кои мавтаат покрај приказ на човечката структура на ДНК.
Научниците на НАСА ја открија сликата во студијата која е дел од проектот наречен „Beacon in the Galaxy“ (BITG).
Главната цел на проектот BITG е да испрати порака до сите вонземски цивилизации кои би можеле да бидат таму.
Покрај голите луѓе и ДНК, научниците се обидоа да покажат и гравитација и очекуваат вонземјаните да ги разберат сите бинарни пораки бидејќи веруваат дека бинарниот приказ е веројатно универзален.
Научниците во својата студија објаснуваат дека иако концептот на математика во човечки термини е потенцијално непрепознатлив за вонземската интелигенција, бинарноста е веројатно универзална за сета интелигенција.
„Бинарната форма е наједноставната форма на математиката бидејќи вклучува само две спротивни состојби: нула и еден, да или не, црно или бело, маса или празен простор“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ФАТЕН НА ДЕЛО, ИТЕН ОДГОВОР НА РУСИЈА!…
Кремљ тврди дека репортерот бил „фатен на…
„Челенџер 2“: Вакви британски тенкови доби Украина
Првиот од 14-те тенкови „Челинџер 2“, што…
Полицијата трага по 17- годишно девојче од…
На 29.03.2023 во 16.35 часот во Полициската…
Бојан Јовановски опериран четири часа, состојбата е…
Заврши операцијата на Бојан Јовановски која траеше…
Јандриоски: Вмровците што плукаат по Максо да…
Ќе ги замолам вмровците кои плукаат по…