Објавено на:

НАТО ги демне Русите од воздух: Секој ден 30 ловци ја следат руската армија

t

Во време на руската воена операција во Украина, Северноатлантската алијанса значително ја зголеми својата борбена ефикасност на источните граници со Русија. Покрај копнените и поморските сили, зголемена е и воздушната компонента на НАТО, со посебен акцент на членките кои директно граничат со Русија и Украина.

Покрај борбената компонента, НАТО посебен акцент стави на платформите за извидување и набљудување кои летаат секој ден по 24 часа, набљудувајќи ја украинската граница, но и држејќи го Балтикот под контрола.

Како што информираат од оваа воена организација, секојдневно во воздухот има и по 30 борбени и извидувачки авиони, како и помошни авиони на небото. Освен од копнени бази, ангажирани се и авиони од носачи на авиони од дури три земји (САД, Франција и Италија), од нуклеарни до оние со конвенционален погон.

Дел од извидувачките авиони на нивните мисии над Источна Европа полетуваат од базата Ферфорд во Велика Британија, која ја користат и британските и американските воздухопловни сили.

На крајниот исток од Европа, особено од почетокот на војната во Украина, воздушната компонента е зајакната, пред се во Романија, која граничи со Украина и соседна Молдавија и Црното Море, додека во Бугарија авионите на Алијансата заедно со бугарската авијација вршат контрола на брегот на Црното Море.

Сите операции ги изведува и контролира Центарот за воздушни операции во Уедем во Германија.

На Балтикот, воздушниот простор на Естонија го чуваат белгиските и француските воздухопловни сили со авиони Ф-16, Мираж и Рафал. Воздушниот простор на Летонија и Литванија го обезбедуваат воздухопловните сили на Шпанија, Чешка и Полска со борбени авиони Ф-18, Еурофајтер Тајфун 2000, ЈАС-39 Грипен и Ф-16. Покрај полските ловци Ф-16, во воздушниот простор на Полска има и американски ловци Ф-35, Ф-15 и Ф-16, како и извидувачки борбени платформи придружени со авионски танкери KЦ 135 Р и KЦ 10.

Воздушниот простор на Унгарија и Словачка го контролираат борбени авиони на тие две земји, МиГ-29 СД и Јас-39 Грипен Ц.

За контрола и надзор на романскиот воздушен простор, освен романските воздухопловни сили со нивните ловци Ф-16 за патроли долж границата со Украина и Молдавија, ангажирани се и американските, британските и италијанските воздухопловни сили со Ф-35, Ф-15, Ф-16, како и борбени авиони Еурофајтер Тајфун 2000, кои подеднакво ги користат италијанската и британската авијација, а неодамна им се придружи и Португалија.

Во Бугарија, покрај нивното воздухопловство, кое поседува ловци МиГ-29, ангажирани се и холандски борбени авиони Ф-35.

НАТО детално ги наведе и сите типови авиони што ги користи воено-политичката алијанса за патролирање во Источна Европа.

Според последните информации, НАТО ангажирал вкупно 130 различни авиони во Источна Европа, чија цел, како што наведуваат од Алијансата, е да ја одвратат Русија од „зли мерки“, како и да ги заштитат сојузниците и членовите на Алијансата кои директно се граничат со Русија или се во близина на големи руски воени капацитети.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

И Вучиќ ќе легне на брашното: Можеби…

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави денеска во…

Руската армија ќе обезбедува африкански регион богат…

Три земји се согласија, со помош на…

Лукашенко: Ако на браќата Руси им треба…

Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави дека неговата…

Зеленски верува дека украинската армија може да…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја опиша интензивната…

Ништо од членството на Финска и Шведска…

Во сегашните услови турскиот парламент не може…