Објавено на:

НАТО го зголемува присуството од Балтикот до Црното Море: Ќе го заштитиме секој сојузник!

t

На заедничката прес-конференција по средбата со претседателот на Романија, Клас Јоханис, Генералниот секретар на Нато, Јенс Столтенберг потсети дека НАТО формирале нови групи за одговор при итни случаи како одговор на руската агресија врз Украина.

„НАТО го зголемува своето присуство од Балтикот до Црното Море. Воспоставивме нови борбени групи, вклучително и онаа предводена од Франција овде во Романија. „Канадските борбени авиони помагаат да го одржите вашето небо безбедно, а американскиот систем Патриот ја зајакнува вашата одбрана“, рече Столтенберг.

Столтенберг, кој престојува во Букурешт по повод дводневниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на НАТО, кој почнува утре, додаде дека тоа испраќа „јасна порака дека НАТО е тука“.

„Ќе направиме се што е потребно за да ги заштитиме и одбраниме сите сојузници“, рече Столтенберг.

Тој рече дека разговарал со Јоханис „за безбедноста во регионот на Црното Море, што е од стратешко значење за целото НАТО, како и за предизвиците што ги носи нелегалната војна на Русија во Украина“.

Фокусот на состанокот на министрите за надворешни работи на членките на НАТО ќе биде зајакнување на поддршката за Украина во нејзината борба против руската инвазија.

Генералниот секретар на НАТО најави дека учесниците на состанокот во Букурешт најмногу внимание ќе посветат на „илегалната војна на Русија во Украина, која продолжува да ги загрозува евроатлантскиот мир и безбедност“.

Министрите на 30-те членки на НАТО ќе се занимаваат и со прашањето за приклучување на Шведска и Финска во алијансата и активностите на Кина, за која Столтенберг рече дека „го зголемува своето присуство од Арктикот до Западен Балкан и се стреми да ја контролира важната инфраструктура на НАТО сојузници“.

Една од темите на состанокот ќе биде зајакнувањето на помошта за Босна и Херцеговина, Грузија и Молдавија, „земји партнери кои се соочуваат со руски притисок на различни начини“, рече Столтенберг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД контра Турција: Шведска и Финска се…

Портпаролот на американскиот Стејт департмент, Нед Прајс, изјави…

НАЈНОВА ВЕСТ: Трилатералните преговори со Шведска и…

Трилатералните преговори за прием на Шведска и…

НАТО “мало сутра”: Турција ја обвини Шведска…

Министерството за надворешни работи на Турција ја…

Бугарските Су-25 предадени во Украина

Земјите на НАТО од Бугарија купија 14…

НАТО и ЕУ ветија дека ќе ја…

НАТО и ЕУ ветија дека ќе ја…