Објавено на:

НАТО-ден: Државниот врв заедно со амбасадорката Брнз ќе го одбележуваат денот на НАТО

t

Евроатлантскиот Совет на Македонија во соработка со Министерството за одбрана, Едукативниот Центар М6 и НАТО Секторот за јавна дипломатија од Брисел, денеска го организира традиционалниот настан „Денот на НАТО – 4 Април“.

Станува збор за активност на Евроатлантскиот Совет на Македонија која покрај одбележувањето на годишнината од потпишувањето на Вашингтонскиот договор и формирањето на НАТО, служи како настан чија цел е да ја информира пошироката јавност за развојот на настаните на глобално ниво, придонесот на државава и бенефитите од членството во Алијансата.

На настанот се презентираат и реформите и напредокот на годишно ниво, со посебен осврт на Армијата. Оваа година, како што соопштија организаторите, посебен фокус на настанот ќе се стави на пандемијата и војната во Украина, во пресрет на Самитот на НАТО во Мадрид.

Најавени се обраќања на претседателот на Евроатланскиот совет на Македонија, Исмет Рамадани, премиерот Димитар Ковачевски, министерката за одбрана Славјанка Петровска и на американската амбасадорка Кејт Мери Брнз.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се замрзнуваат цените на оризот и јајцата

Владата денеска треба да ги замрзне цените…

Обвинет и роднина на еден од загинатите…

Со сослушување нови сведоци предложени од Обвинителството…

Во затворот Идризово откриен тунел за бегство

Рано утрово затворската полиција во затворот во…

Игор Џамбазов се прости од Мешковски: Ме…

Доајенот на македонското глумиште Димче Мешковски почина…

И покрај налогот за апсење, Путин ќе…

Претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, по…