НАТО ЗАПОЧНА ВОЕНИ ВЕЖБИ СО НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ; Воените маневри се одвиваат над Медитеранот

60 авиони ќе бидат вклучени во воената вежба на НАТО – „Steadfast Noon“, која ќе трае до четврток следната недела. Во воените вежби се вклучени модерни борбени авиони, но и авиони за надзор и танкер, како и бомбардери Б-52 со долг дострел.
– НАТО ги започна своите годишни воени вежби со нуклеарно оружје – потврди денеска за ДПА портпаролот на западната одбранбена Алијанса.
Оваа година маневрите се одвиваат главно во воздушниот простор над Италија, Хрватска и Медитеранот. Учествуваат вкупно 13 членки на Алијансата.
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг минатата недела изјави дека руската војна против Украина е потсетник за важната улога на нуклеарното оружје за одвраќање.
-Иако се работи за рутинска вежба за обука, маневрите ќе помогнат да се обезбеди кредибилитет, ефективност и безбедност на нуклеарното одвраќање – истакна Столтенберг.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ФБИ истражува дали нападот во Њу Орлеанс…
ФБИ истражува дали има некаква поврзаност помеѓу…
Во џебовите на убиецот од Цетиње пронајдени…
Осумдесет куршуми се пронајдени во џебовите на…
Добри вести: Две девојчиња од Скопје, исчезнати…
Две девојчиња, сестри од 15 и 13…
Пренасочени авионите кои кружеа над Скопје –…
Од ТАВ Македонија попладнево информираат дека неколку…
Што се случува?! Вучиќ тврди дека странска…
Ден по масовното убиство во ОУ „Владислав…