НАТО јасно да ја каже својата одлука за иднината на Украина во Алијансата, бара Зеленски

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Киев сака да добие „јасна одлука“ за својата иднина во НАТО на јулскиот самит на лидерите на воената алијанса во Вилнус.
На Самитот на Европската политичка заедница во Кишињев тој повика на создавање коалиција за снабдување на Украина со системи за противвоздушна одбрана Патриот и борбени авиони, пренесува Ројтерс.
По пристигнувањето во главниот град на Молдавија, Зеленски рече дека ќе има многу билатерални средби на кои, меѓу другото, тема на разговор ќе биде членството во Европската унија и НАТО.
– Се со цел да ја заштитиме нашата иднина – рече претседателот на Украина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Туск: Посветеноста на НАТО во одбрана на…
НАТО има витален ангажман за заштита на…
Падна првиот договор меѓу Русија, Украина и…
Белата куќа соопшти дека САД и Русија…
Зеленски: Во Белата куќа го бранев достоинството…
Претседателот Володимир Зеленски денеска изјави дека го…
Стив Виткоф: Зеленски прифати да се одржат…
Специјалниот пратеник на САД за руско-украинскиот конфликт,…
При напад на руски дрон врз Киев,…
Во напад со беспилотно летало на руските…