Објавено на:

НАТО ја повикува Русија да ја преиспита одлуката за повлекување од Договорот за конвенционално оружје во Европа

t

НАТО ја повикува Русија да ја преиспита својата одлука за повлекување од Договорот за конвенционално оружје во Европа, се вели во соопштението на Алијансата.
„Сојузниците упорно ја повикуваат Русија да ги почитува своите обврски и да го искористи преостанатото време до излегувањето од Договорот за да ја преиспита својата одлука“, се вели во соопштението на НАТО.

Претходно, претседателот на Русија, Владимир Путин, го потпиша законот за раскинување на Договорот за конвенционално оружје во Европа. Русија ги информираше сите земји-членки на Договорот за својата одлука да се повлече од него, што ќе се случи на 7 ноември.
Договорот беше потпишан во Париз во 1990 година, а ажурирана верзија на документот беше потпишана во Истанбул во 1999 година.


Тој документ го ратификуваа само четири земји – Русија, Белорусија, Казахстан и Украина.
Во 2007 година, Русија го суспендираше учеството во Договорот додека земјите од НАТО не го ратификуваат документот и не почнат да го исполнуваат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Падна првиот договор меѓу Русија, Украина и…

Белата куќа соопшти дека САД и Русија…

Завршија преговорите меѓу САД и Русија во…

Ројтерс, повикувајќи се на руски извор, пишува…

Путин бара од Украинците да земат руско…

Рускиот претседател Владимир Путин почна да врши…

Вулин: Руските разузнавачки служби ни помогнаа против…

Српскиот вицепремиер Александар Вулин рече дека руските…

Трамп: Многу скоро целосно примирје, а потоа…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека очекува…