Објавено на:

НАТО ќе ја означи Кина како “системски предизвик”: Нов стратешки концепт на Алијансата

t

Во новиот стратешки концепт на алијансата, НАТО ќе ја означи Кина како „системски предизвик“, а ќе се констатира зајакнување на соработката меѓу Пекинг и Москва, пишува Блумберг, повикувајќи се на извори запознаени со ситуацијата, пренесува РИА Новости.

„НАТО има намера да ја означи Кина како „системски предизвик“ кога ќе објави нови насоки оваа недела, притоа нагласувајќи го продлабочувањето на соработката на Пекинг со Русија“, се вели во соопштението на агенцијата.

е очекува во документот да се изрази загриженост поради Кина во областите како што се сајбер безбедноста, дезинформациите, контролата на критичната инфраструктура и меѓународниот поредок.

Како што потсетува Блумберг, претходната верзија на концептот, усвоена во 2010 година, не содржела индикации за Кина, а Русија ја опишала како партнер во Алијансата.

Претходно беше најавено дека лидерите на НАТО во Мадрид ќе го одобрат ажурираниот стратегиски концепт на Алијансата за периодот до 2030 година.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека лидерите на земјите од Алијансата во новиот концепт ќе ја наречат Русија „главна закана за колективната безбедност“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кина апелира Русија и Украина да не…

Шефот на кинеската дипломатија, Ванг Ји, во денешниот…

Петровска: Најголема придобивка од НАТО е што…

Најголемата придобивка од членството на  Македонија во…

Вучиќ: Со кое право НАТО не’ бомбардираше…

Србија го поддржува територијалниот интегритет на сите…

НАТО е “подготвено да дејствува” во случај…

Заменик-командантот на мировната мисија на НАТО, КФОР…

Да беше во Македонија ќе го уанпредеа:…

Поранешниот кинески министер за правда Фу Женгхуа…