Објавено на:

Нафтата почна да поскапува откако доларот тргна надолу

t

Цените на нафтата денеска се зголемија во азиската трговија, бидејќи јачината на американскиот долар почна да опаѓа, а инвеститорите ги очекуваа податоците од Кина за да проценат како оди побарувачката во најголемиот светски увозник на сурова нафта, објавија Ројтерс.

Северноморските фјучерси на Брент, европскиот репер, пораснаа за 85 центи, или 0,9 отсто, на 92,48 долари за барел во обид барем делумно да се надоместат минатонеделните загуби од 6,4 отсто.

Вратете го видот на која било возраст со овој метод…не се потребни операции !!!
Американската лесна нафта поскапе за 73 центи, или 0,9 отсто, на 86,34 долари за барел. Минатата недела падот беше 7,6 отсто.

Порастот на цените беше поддржан од коментарите на кинескиот претседател Си Џинпинг на конгресот на кинеската Комунистичка партија дека властите ќе спроведат политики за помош на економијата, давајќи надеж дека побарувачката за нафта може да се зголеми.

Вратете го видот на која било возраст со овој метод…не се потребни операции !!!
Подоцна оваа недела Кина ќе објави важни економски податоци. Иако растот на БДП во третиот квартал се очекува да биде подобар од претходниот, за втората светска економија, 2022 година би можела да испадне најлошата година во последните половина век, сметаат аналитичарите.

Цените на нафтата најверојатно ќе продолжат да варираат во следните недели под притисок на најавените намалувања на производството од ОПЕК +, очекуваното стапување во сила на европското ембарго за руското црно злато и веројатното дополнително зголемување на стапката од страна на Федералните резерви.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

По десет години затвор во Шпанија, водачот…

Вечерва после 20:00 часот на белградскиот аеродром…

(Видео) ХОРОР во Приштина: Бремена жена изрешетана…

Бремена жена на возраст од околу 35…

Христијаните веќе не се мнозинство во Англија…

Англија и Велс повеќе не се мнозински…

Ковачевски: Штајнмајер го цитираше Конески – Има…

Политиката што ја спроведуваме ги брани интересите…

(Видео) Освојување на Вселената: Кинеските астронаути пристигнаа…

Новиот тим астронаути стигнаа до кинеската вселенска…