Најава за штрајк и во Македонски пошти: Над 1000 вработени ќе престанат да работат доколку не им се зголемат платите

t

Над 1.000 вработени лица во Македонски пошти наскоро ќе започнат штрајк доколку Управниот одбор и владата не ги исполнат нивните барања за линеарно покачување на платите во износ од три илјади денари подеднакво за сите вработени.

Вработено лице во една од многуте пошти во земјава во изјава за КУРИР вели дека дефинитивно ќе стапат во штрајк доколку владата и овој пат остане нема на нивните барања.


-Платите се мизерни и не се покачени со години, бараме покачување кое е нужно во ова време кога се е покачено, од цените во маркетите, до горивата, па се до кризата и војната која се случува во Европа. Се надеваме дека овие барања на нашите синдикални здруженија ќе родат со плод, ако не за 10 дена колку што е законскиот рок почнувајќи од денес ние стапуваме во штрајк, вели нашиот добро упатен извор вработен во Македонска пошта.

Претседателот на Синдикатот на „Македонска пошта“ Боро Велигденов во изјава за Курир вели дека вчера по состанокот на двата синдиката во Македонска пошта ќе излезат на заеднички штајк.

-Согласно законските регулативи, Законот за работни односи и Законот за поштенски услуги по истекот на овој даден рок од десет дена, т.е од 14 април, доколку не се исполнат нашите барање, Македонска пошта започнува штрајк. Ние како синдикат бараме линеарно зголемување на платите во Македонски пошти со што сите вработени ќе добијат по три илјади денари покачување на својата плата. Платите во пошта не се променети 32 години и истите се од стариот систем, па поради покачувањето на минималната плата и зголемувањето на трошоците за живот, бараме подеднакво покачување за сите вработени, вели Велигденов.

Тој додава дека освен ова покачување бараат и физичко обезбедување во поштите низ целата земја, како и основни средства за работа кои се најпотребни за секојдневно функционирање во македонските пошти.

Велигденов во изјава за КУРИР вели дека Управниот одбор во Македонска пошта и Владата се информирани за овие барање и дека тие веќе имале неуспешна средба со вицепремиерот во владата Фатмир Бетиќи.

-Имавме средба со вицепремиерот минатата недела, но иако ни ветија дека ќе добиеме одговор, до овој момент немаме, па затоа решивме од вчера да стапиме во постапка пред штрајк, додава Велигденов.

Истакнува дека со покачување на минималната плата дури 70% од вработените во пошта ќе земаат таква плата со што овој податок е поразителен со фактот што платите не се доволни за нормално живеење во овој момент.

Инаку доколку владата остане глува и слепа на овие барања на вработените во Македонска пошта, тие ќе стапат во штрајк од 14 април и тоа значи дека нема да може да се плаќаат сметки во пошта, додека ќе се извршуваат сите услуги регулирани со Законот за поштенски услуги како на пример пратки со приоритет за државата, примање на судски пратки и секаков вид на пратки, кои ќе бидат редуцирани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Прв македонски филм на „Netflix“ –…

Од петок (24.12) светската публика ќе има…