Најантимакедонската партија во Бугарија протестира против НАТО и бара оставка од бугарската влада

Бугарската полиција денеска се судри со приврзаниците на ултранационалистичката партија Обнова, позната по антимакедонските ствови, кои протестираа против политиката на прозападната влада барајќи оставка од кабинетот и затворање на воените бази на НАТО во земјата.
Како што јавија некои медиуми, стотици проруски демонстранти кои се против поддршката на Бугарија за Украина во нејзината војна против Русија се собраа пред зградата на парламентот веејќи бугарски и руски знамиња, свирејќи и повикувајќи на предвремени избори во земјата во која имаше пет во последните две години.
Многумина извикуваа „оставка“, а полицајците ги заштитија владините згради, вклучително и Министерството за одбрана, кон кое некои демонстранти фрлаа со јајца. Бугарија, која испраќа оружје во Украина, минатата недела ја укина забраната за увоз на жито од Украина.
Некои демонстранти носеа транспаренти на кои пишуваше „Американските бази надвор! Бугарија е зона на мирот“, мислејќи на отворањето на новата воена база на НАТО во земјата.
Демонстрантите го завршија собирот пред споменикот на советската армија, во судир со полицајците кои од безбедносни причини се обидоа да ги спречат да му се приближат бидејќи тој е под скеле откако владата одлучи да го отстрани споменикот.
Бугарија денеска протера еден руски и двајца белоруски државјани и им забрани влез во земјата во следните пет години по налог на Државната агенција за национална безбедност, јавија локалните медиуми.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нема НАТО за Украина, туку само патоказ
Блокот предводен од САД вети „интероперабилност“ -…
НАТО: Русија има огромна зимска залиха на…
Руските сили се подготвуваат за нови напади…
Москва: Примирје во Украина е малку веројатно…
НАТО се коцка со базичните интереси на…
Блинкен: НАТО решително ќе одговори на актерите…
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен рече дека…
Членство на Украина во НАТО ќе значи…
Украина сега не може да стане членка…