Највисока од 1996-та година: Инфлацијата во Еврозоната достигна 10%

t

Инфлацијата во еврозоната се забрза во септември, достигнувајќи 10 отсто, што ново највисоко ниво од воведувањето на еврото, покажаа денеска најновите проценки на Евростат.

Во август, инфлацијата изразена со хармонизираниот индекс на потрошувачки цени (HICP) во еврозоната изнесуваше 9,1 отсто.

Стапката на инфлација во септември претставува ново највисоко ниво од воведувањето на заедничката европска валута во 1999 година. Евростат ја пресметува инфлацијата од 1996 година.

Во споредба со август, потрошувачките цени во септември пораснале во просек за 1,3 отсто, што е повеќе од двојно повеќе од август, прикажа Евростат.

Замаец за зголемените цени во септември беше енергијата, што е за 40,8 отсто поскапа од истиот месец лани. Во август цената беше поскапа за 38,6 отсто од лани.

Овој месец забрзан е растот на цените и на храната, алкохолните пијалоци и тутунските производи, на 11,8 отсто, од 10,6 отсто во август.

Без промена на цените на енергијата и храната, инфлацијата изнесуваше 6,1 отсто, по августските 5,5 отсто.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Инфлацијата во Европа сè уште не го…

Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ) Кристин…

Инфлацијата во ЕУ надмина 11%!

ИНФЛАЦИЈАТА во Европската унија забрза во октомври…

ММФ предупредува: Инфлацијата може да стане како…

Извршната директорка на ММФ, Кристалина Георгиева и…

Пресметана инфлација од 18,7 проценти за август!

Според податоците на Државниот завод за статистика,…

Лукашенко ги замрзна цените: Нема да се…

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко потпиша директива…