Најмалку единаесет загинати, 64 повредени: Украинците го објавија вкупниот број на жртви од руското масовно бомбардирање

t

Најмалку 11 лица загинаа, а 64 се ранети во руски ракетни напади ширум Украина во понеделникот, соопшти украинската Државна служба за вонредни состојби, пренесе Ројтерс.

Апликацијата за пораки Телеграм соопшти дека четири региони останале без струја по нападот – Лавов, Полтава, Суми и Тернопил – и дека снабдувањето со електрична енергија е делумно прекинато во другите делови на земјата.

Заменик-шефот на кабинетот на претседателот Кирил Тимошенко побара од Украинците да ја ограничат потрошувачката на електрична енергија вечерта на 10 октомври (од 17 до 22 часот), по масовниот руски напад врз украинските градови, пишува Киев Индипендент.

Во Киев и Киевската област, снабдувањето со електрична енергија е делумно ограничено за индустриските и станбените потрошувачи; властите веќе закажаа итни исклучувања, изјави градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко.

Премиерот Денис Шмихал изјави дека руските напади во понеделникот оштетиле 11 инфраструктурни објекти во осум украински региони.

Foto: EPA

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

По десет години затвор во Шпанија, водачот…

Вечерва после 20:00 часот на белградскиот аеродром…

(Видео) ХОРОР во Приштина: Бремена жена изрешетана…

Бремена жена на возраст од околу 35…

Христијаните веќе не се мнозинство во Англија…

Англија и Велс повеќе не се мнозински…

Ковачевски: Штајнмајер го цитираше Конески – Има…

Политиката што ја спроведуваме ги брани интересите…

(Видео) Освојување на Вселената: Кинеските астронаути пристигнаа…

Новиот тим астронаути стигнаа до кинеската вселенска…