Најмалку 1.348 цивили убиени во битката за Мариупол

Најмалку 1.348 цивили се убиени за време на битката за Мариупол, меѓу кои 70 деца, изјави денеска високиот комесар на ОН за човекови права Мишел Бачелет.
„Вистинскиот број на загинати во акциите против цивили е веројатно уште неколку илјади“, изјави Бачелет, а пренесува Танјуг.
Таа додаде дека цивили биле убиени во воздушни напади, тенкови и артилериско гранатирање и преносливо и лесно оружје за време на уличните борби и дека дури 90 отсто од станбените згради во Мариупол се уништени или оштетени, нарекувајќи го градот „веројатно најсмртоносното место во Украина“.
„Телата се пронајдени во импровизирани индивидуални или колективни гробници во дворови, улици и паркови, во куќи и напуштени станови.
„Многумина допрва треба да бидат погребани“, рече Бачелет.
Бачелет додаде дека во моментов е „невозможно да се знае“ точниот број на загинати.
Сè додека не бидат пронајдени и идентификувани сите мртви тела и нивниот статус, без разлика дали се воени или цивилни, и не се утврдат точните причини за смртта, ќе биде невозможно да се знае точниот број на цивилни смртни случаи директно предизвикани од непријателствата и оние предизвикани од недостаток на храна и вода, медицинска нега и други последици од преживувањето за време на непријателствата“, рече таа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД: Украина да превземе акција против корупцијата…
Вашингтон поднел листа на „приоритетни реформи“ кои…
Шојгу: Војната во украина ќе трае најмалку…
Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу кажа…
Кирби: имаме пари за Украина за само…
Кирби рече дека доколку Конгресот не одобри…
Медведев се закани: Последните случувања во Украина…
Последните конфликти во Украина не оставаат многу…
(Анализа) НАТО ја губи војната во Украина
Анализа на новинарот и публицист Рон Унц…