Најмалку 11 лица загинаа при превртување на чамец со мигранти близу западниот брег на Порторико

Најмалку 11 лица загинаа при превртување на чамец со мигранти, северно од ненаселениот остров Десечео, близу западниот брег на Порторико.– Досега, спасени се 31 лице, соопштија локалните власти.
Не се знае колку луѓе биле во чамецот, а меѓу спасените се 20 машки и 11 женски лица. Хеликоптер на американската царина и гранична полиција забележал превртен чамец и набргу почнала акцијата за спасување.
Најмалку осум Хаиќани се во болница, не се знае националноста на останатите лица во чамецот.
Во регионот, мигранти од Хаити и од Доминиканската Република бегаат од насилството и сиромаштијата во своите држави.
Американската крајбрежна стража и доминиканската морнарица во саботата спасија 68 мигранти во преминот Мона, подрачје меѓу Порторико и Доминиканската Република.
– Овие патувања се навистна опасни. Бродовите се небезбедни, преоптоварени и немаат опрема за спасување, истакна Кастродад.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Првиот брод исплови од Мариупол
Откако руските сили го окупираа Мариупол по…
Најмалку 11 лица загинаа при превртување на…
Најмалку 11 лица загинаа при превртување на…
Нема милост во војна? Русите разнесоа цел…
Руската армија го спречи обидот за евакуација…
Сериозен воен инцидент: Кинески брод насочи ласер…
Брод на кинеската морнарица насочил ласер кон…
(Видео) Продолжи потрагата по 12 исчезнати по…
Рано утрово продолжи потрагата по 12 лица,…