Објавено на:

Најмалку 155 деца загинаа при земјотрес во Авганистан

t

Најмалку 155 деца загинаа при земјотресот минатата недела во југоисточен Авганистан, соопштија Обединетите Нации.

Организацијата на ОН за хуманитарни прашања информираше за 250 деца повредени за време на земјотресот во планинските села во провинциите Пактика и Хост, кај границата со Пакистан.

Најмногу загинати деца има во тешко погодениот Гајан во Пактика.

Според талибанските власти во Авганистан, бројот на загинати при земјотресот е 1.150, покрај стотина лица повредени. Информациите од ОН покажуваат дека загинале 770 лица, но, постои страв од зголемување на конечниот број жртви.

Земјотресот од минатата недела, со интензитет од шест степени според Рихтеровата скала, е најсмртоносен во Авганистан изминатите две децении.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Црвениот крст повика на обновување на помошта…

Црвениот крст денеска ги повика земјите и…

Помошта на САД за Украина ги надмина…

Администрацијата на Бајден и пратениците од двете…

Најмалку 155 деца загинаа при земјотрес во…

Најмалку 155 деца загинаа при земјотресот минатата…

УНХЦР: Испратени тони хуманитарна помош во Авганистан

Агенции на ОН итно испратија тони хуманитарна…

Потрага по преживеаните од земјотресот во Авганистан…

Операцијата за пребарување и спасување по разорниот…