Најмногу дожд во Демир Капија, Тетово и Скопје

t

Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврна во Демир Капија 20 литри на метар кавдратен, 12 во Тетово, девет во Скопје и по три во Виница и Гевгелија, соопшти УХМР.

Времето денеска ќе биде променливо облачно, само на места со слаб локален дожд. Утрово во југозападните делови е сончево, а долж Повардарието има пороен дожд, на места со ретки грмежи.


Претпладне на места ќе има зголемена облачност и повремен локален дожд со ретки грмежи. Попладне ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, поизразен вдолж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 27 до 34 степени. УВ=7

Во Скопје претпладне ќе има зголемена облачност и повремен дожд со ретки грмежи. Попладне ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 31 степен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Османи откри: Ова е најкритичен и неприфатлив…

Вметнувањето на протоколот во преговарачката рамка го…

Србија ќе има најмодерна заштита од град…

Природните непогоди, од почетокот на пролетта, многупати…

Османи: Македонскиот јазик станува еден од 25-те…

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи вели…

Протести во Грузија по недобивањето кандидатски статус…

Неколку десетици илјади луѓе се собраа вечерва…

Путин им се обрати на матурантите: Поставете…

Претседателот на Руската Федерација Владимир Путин им…