Објавено на:

Најмногу дожд наврна во Гевгелија, Во Виница силен ветер до 40 километри на час

t

ИНФОРМАЦИЈА ЗА НЕСТАБИЛНОСТ ОД УХМР

Во изминатите 12 часа најмногу дожд навирна во:
Гевгелија – 8 л/м2,
Попова Шапка – 4 л/м2,
Пожар – 5 л/м2,
Прилеп, Тетово – 1 л/м2.

  Во попладневните часови нестабилноста се пренесуваше претежно преку планински региони и тоа од западните делови на земјата кон југ и југоисток. На подрачјето на средно Повардарие се формираа неколку поинтензивни облачни јадра кои преминаа и преку неготинскиот регион, но зафатија и делови од демиркапискиот и кавадаречкиот дел.
 Јадрата достигнуваа височина до најмногу 8 км, а делот со врнежи се наоѓаше на височина од 2 или 3 до 5 или 6 километри.
 Преку самиот град Неготино се преместија две посилни облачни јадра и таму количествата на врнежи вкупно биле поголеми, а врнежите биле проследени со грмежи и засилен ветер.
 Во овој период од облачните јадра се формираше облачна маса од која продолжија врнежи од послаб интензитет.
 Во попладневните часови од оваа нестабилност врнежи од дожд проследени со засилен ветер имаше и во скопскиот регион.

Време во 20:30 часот

 Во поголемиот дел од земјата облачноста се намали. Повеќе облачност вечерва има на југоисток, а дожд е забележан во 20 часот во Демир Капија.
 Вечерва поинтензивен ветер има на североситокот во Виница каде што повремено има удари од над 40 км/час.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Куќи паѓаат во морето: Страшно невреме…

Силната бура „Фиона“ го зафати источниот дел…

УХМР: Ни доаѓаат дожд и грмежи

Времето утре ќе биде сончево со мала…

Услови за ново невреме и голема нестабилност…

Како што се чини, непредвидливото време продолжува…

УХМР: Невреме како вчерашното во Скопје се…

Од УХМР истакнуваат дека вчера во Скопската…

ЈП “Паркови и зеленило”: Невремето откорнало или…

Екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ после…