Објавено на:

Најнови истражувања: Четвртина од Србите ги сметаат Македонците за најблизок народ

t

Во јавното мислење на Србија доминира мислењето дека Русија е нивниот најважен надворешно-политички партнер, а 80 отсто од граѓаните не се согласуваат со ставот дека нивната земја треба да воведе санкции кон Русија, покажа најновото истражување на „Демостат“, пренесува српска „Политика“.

56 отсто од испитаниците сметаат дека Србија не треба да ја усогласува својата надворешна политика со Европската унија, додека 33 отсто сметаат дека треба, изјави шефот на истражувачкиот тим на „Демостат“, социологот Среќко Михаиловиќ, презентирајќи ги резултатите од истражувањето на конференција во Белград.

Едно од прашањата во истражувањето било што треба да направи владата за Србија да напредува, да прифати или одбие влез во ЕУ, а Михаиловиќ наведува дека 30 отсто од испитаниците сметаат дека треба да прифати, а 43 отсто да одбијат да се приклучат кон Е, додека 25 отсто од испитаниците рекле „нешто помеѓу“.

„На испитаниците намерно им бил понуден одговорот „нешто помеѓу“ бидејќи увидот во јавното расположение на граѓаните беше таков што значителен дел од граѓаните се всушност неодлучни или немаат мислење за тоа“, рече Михаиловиќ.

Тој наведе дека истражувањето покажало дека доколку утре се одржи референдум, 51 отсто од граѓаните би гласале против, а 34 отсто за влез во ЕУ.

Михаиловиќ информира дека 78 отсто од испитаниците се со став дека во надворешната политика нема место за желби и интереси бидејќи политиката е прашање на интерес, а не на желба.

Според испитаниците, интересите во политиката се поскапа од самите вредности, наведе тој и додаде дека 34 отсто од испитаниците предност им даваат на вредностите, а 44 отсто на интересите.

Според Михаиловиќ, истражувањето покажало и дека 81 отсто од испитаниците се согласуваат со ставот Србија по секоја цена да ја зачува неутралноста.

Едно од прашањата се однесувало на тоа кои луѓе граѓаните на Србија ги сметаат за најблиски кога е во прашање опкружувањето, а Михаиловиќ вели дека секој трет испитаник рекол дека тоа се Црногорците, четвртина за најблиски ги сметаат Македонците, петтина од испитаниците ги издвоиле Унгарците и Бошњаците.

Кога станува збор за мислењето на граѓаните за домашните и за лидерите од околината и светот, истражувањето покажало, вели Михаловиќ, дека на прво место се српскиот претседател Александар Вучиќ и рускиот претседател Владимир Путин, а потоа унгарскиот премиер Виктор Орбан и членот на Српското претседателство на БиХ, Милорад Додик.

„Најблискиот европски народ, според мислењето на нашите испитаници, се Русите. Така мислат 40 отсто од граѓаните“, рекол Михаиловиќ и додал дека многу поретко се споменуваат сите други народи – Грците девет отсто, Французите и Германците по осум отсто, Италијанците и Унгарците по шест отсто, а сите други по 15 отсто.

Истражувањето на Демостат под наслов „Надворешнополитичките ориентации на граѓаните на Србија“ било спроведено преку телефонска анкета од 13 до 22 јуни годинава, на репрезентативен примерок од 1.203 испитаници.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

АИРЛИЈА! СЕ ОТВАРА МАКЕДОНСКИ КЛУБ ВО БУГАРИЈА:…

Македонското меѓународно движење за човекови права со…

Бугари “има снемано”: До пладне во Македонија…

До пладне гласале само 15 "македонски Бугари"…

Нов инцидент во Косово: Албанец застрела Србин…

Пред дискотеката на влезот во Грачаница синоќа…

Ќе преземе ли некој нешто?! Никнува нов…

На 7 октомври во Охрид ќе се…

Егзодус на работна сила: Намален бројот на…

Бројот на работниците во индустријата во периодот…