Најстудено во Маврови Анови со измерени -3 степени, а најмногу снег на Попова Шапка

Најстудено утрово беше во Маврови Анови каде се измерени – 3 степени, на Попова Шапка – 2 и во Крива Паланка – 1 степен, во Виница и Тетово се измерени еден степен, Скопје-Зајчев Рид, Штип, Струмица, Берово и Прилеп два степени, Скопје-Петровец, Велес и Кавадарци три степени, во Битола, Демир Капија и Крушево четири степени, во Гевгелија пет додека во Охрид и Претор седум степени.
Најмногу снег има на Попова Шапка 36 сантиметри, додека во Маврови Анови 21.
Времето во текот на ноќта беше променливо облачно, во западните и северните делови со повремени слаби врнежи од дожд. Утрово во северните делови на планините и на повисоките места врнежите беа од слаб снег. Дуваше слаб до умерен, наместа засилен ветер од северен правец.
Времето денеска е претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието. Во текот на ноќта врнежите ќе бидат пообилни и постепено ќе преминуваат во снег и во пониските места. До изутрина на повеќе места ќе се формира снежна покривка. Максималната температура ќе достигне од 2 до 10 степени.
Во Скопје претежно облачно со повремен слаб дожд, во повисоките делови од котлината слаб снег. Во текот на ноќта врнежите ќе се интензивираат и ќе преминат во снег, па до изутрина ќе се формира снежна покривка. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 5 степени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Снег на Стража, Буково, Ѓавато и Пресека,…
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор…
Врнежи од снег на некои планинските превои,…
Сообраќајот на државните патишта се одвива во…
Утре ќе има услови за снег во…
Утрешното утро ќе биде студено, а преку…
Во делови од Тетово и Гостивар отежнато…
Поради снегот денеска продолжи одлуката за задолжителна…
Забрана за сообраќај за тешки товарни возила…
Од денес, од 14:30 часот, се воведува…