На Додик му зовре за Косово и списка: „Малиот ситен измамник и манипулант, просјакот на политичката сцена“

t

Српскиот член на Претседателството на Босна и Херцеговина реагираше по честитката на Жељко Комшиќ на Косово.

Додик изјави дека последната провокација на претседавачот на Претседателството на БиХ Комшиќ најкратко може да се објасни како „честитка на лажна држава од лажен член на Претседателството, со лага дека тоа го прави во име на БиХ“.

„Малиот ситен измамник и манипулант, просјакот на политичката сцена не може поинаку освен со провокација. Комшиќ и вчера ги демонстрираше своите дострели кога станува збор за заедничкиот живот во БиХ“, кажа Додик.

Според него, на Комшиќ воопшто не му е гајле за Косово, туку неговата намера е да ги испровоцира Србите.

„Тоа му е секоја политика откако како лажен Хрват беше подметнат на изборите“, порача Додик.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

УАПСЕНИ СЕ УШТЕ ТРОЈЦА СРБИ, пренесува Канцеларијата…

Канцеларијата за Косово и Метохија соопшти дека…

Врие од специјалци! Претрес во манастирот во…

Од утрово се пребарува манастирската зграда на…

Заканувачка изјава на Курти? Од вчера ништо…

Премиерот на Косово, Албин Курти денеска говореше…

КФОР го засилува присуството во Косово!

Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани…

Не се смирува тензијата во Косово: Сите…

Ден по обидот на група Срби да…