Објавено на:

На Зеленски му е драго што Бајден кажал дека Украина е инспирација за светот

t

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска разговара со претседателот на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден,

„Разговарав со американскиот претседател Џо Бајден. Разговаравме за дополнителни санкции, за ситуацијата на бојното поле и за важноста да се зачува извозот на земјоделски производи по морски пат. Ги координиравме напорите пред заедничките меѓународни настани“, рече Зеленски.

Тој додаде дека меѓународната заедница „треба да даде заеднички решителен одговор на дрските обиди за анексија“ на украински територии.

Шефот на украинската држава му се заблагодарил и на американскиот претседател и на целиот американски народ за постојаната одбранбена и финансиска поддршка.

„Ми беше драго кога ги слушнав зборовите на претседателот Бајден дека нашата армија го инспирира целиот свет, нашиот народ го инспирира целиот свет. И ова е вистина: нашата победа во оваа војна ќе покаже колку Украина може да даде на глобалната моќ на слободата, глобалната моќта на демократијата“, рече Зеленски.

Американските власти деновиве најавија нов пакет воена помош за Украина, вреден 625 милиони долари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Зеленски: Годинава Русија ќе изгуби сто…

Ситуацијата на фронтот е тешка. И покрај…

НАТО во Букурешт ја потврди поддршката за…

Министрите за надворешни работи на земјите членки…

Кулеба: Членките на НАТО побрзо да достават…

Министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро…

(Видео) Зеленски: Украина никогаш нема да прифати…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во редовното видео-обраќање…

Столтенберг “го провали” Путин: Ќе ја користи…

Русија најверојатно ќе продолжи да ги напаѓа…