Објавено на:

На кинеската делегација ѝ е забрането да оддаде почит на кралицата

t

На кинеската делегација ѝ е забранет влез во Вестминстерската сала и да ѝ оддаде почит на покојната кралица Елизабета Втора, дознава Би-Би-Си.

Претседателката на Долниот дом на британскиот парламент, Линдзи Хојл, го одбила барањето на кинеската делегација за пристап до Вестминстерската сала, поради санкциите што Кина ги воведе минатата година врз неколку британски парламентарци поради критикување на политиката на Пекинг кон малцинството Ујгур.

Како одговор, на кинескиот амбасадор во Обединетото Кралство му беше забранет влез во парламентот, а оваа мерка сега е проширена и на делегацијата која сакаше да и оддаде почит на кралицата Елизабета.

Кинескиот потпретседател Ванг Кишан се очекува да присуствува на погребот на кралицата во понеделник, кој ќе се одржи преку улицата од Парламентот во Вестминстерската опатија.

Кинескиот претседател Си Џинпинг е на списокот на гости за државниот погреб, но се верува дека нема да присуствува, јавува Би-Би-Си.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Стефан Лазаров со апел за донации за…

Еден од најпознатите македонски водители Зоки Фаци…

Роднина на Вјоса Османи убиен на свадба…

Свадба прерасна во трагедија откако полиција убила…

(Видео) СКАНДАЛ: Плативме и за невеста од…

Злоупотребата на службени автомобили останува пракса во…

Дел од Општина Центар утре без струја

Поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа…

Овие 4 хороскопски знаци се родени да…

Астролозите тврдат дека знакот на хороскопот може…